Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кливленд кавалирс запиша 11 победи по ред во НБА-лигата и го има најдобриот почеток во историјата на франшизата.
Кошаркарите на Кливленд минатата ноќ беа подобри од Бруклин нетс и станаа 12. екипа во историјата која стигнала до 11-0 на почетокот на сезоната.
Најефикасен во победата беше Еван Мобли со 23 поени, 16 скокови и четири украдени топки, додека Донован Мичел постигна 22 поени.
Рекордот го држи Голден Стејт вориорс кој славеше на првите 24 натпревари во сезоната.