Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Суперкупот на Шпанија ќе се одржи во јануари, а повторно ќе се игра во Саудиска Арабија, каде што ќе играат најдобрите четири тимови од минатата сезона.
Во новиот формат на Суперкупот по пет години учествуваат двете најдобри екипи од Ла Лига и финалистите од шпанскиот Куп, а тоа се Реал Мадрид, Барселона, Мајорка и Атлетик Билбао.
Денеска е потврдено дека полуфиналињата ќе се играат на 8 и 9 јануари, односно први ќе се соочат Барселона и Атлетик Билбао, па потоа Реал Мадрид и Мајорка, додека финалето е закажано за 12 јануари.