Пеп: Бајки не постојат ниту во спортот, ниту во животот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотнем вчера го декласираа Манчестер сити на гости со 4-0, во дербито од 12. коло на англиската Премиер лига.

Сити го запиша петтиот пораз по ред во сите натпреварувања (трет во Премиер лигата), што за Пеп Гвардиола се случи првпат во тренерската кариера.

Манчестер сити остана втор на табелата со 23 бодови, но има осум бодови помалку од Ливерпул.

Менаџерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола не мисли дека сè е изгубено во првенството.

„Бајки не постојат ниту во спортот ниту во животот, понекогаш мора да поминете низ вакви ситуации. Мора да ги прифатите. Не можеме да се обвинуваме еден на друг, мора да останеме заедно, да продолжиме да работиме како што досега работевме. Почнавме навистина добро, имавме шанси, а тие по првиот налет поведоа. Потоа беше малку потешко да се вратиме. Креиравме шанси. Во моментот кога создаваа шанси да ја зголемат предноста, не можевме да ги издржиме двобоите како инаку. Сега сме во проблем“, рече Пеп.