Оклахома го прегази Лејкерс за четврти триумф по ред (Видео)


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Оклахома сити тандер запиша уште една победа во НБА-лигата, откако беше подобра од Лос Анџелес Лејкерс со 101-93.

Лидерот на табелата тргна одлично во мечот и поведе со 18-8, но Лејкерс успеа да ја врати неизвесноста во втората четвртина.

Лејкерс направи и пресврт во второто полувреме, но не можеше да го задржи водството против најдобриот тим во Западната конференција.

Најефикасен на теренот беше Шеј Гилџес Александер кој постигна дури 36 поени, седум скокови и девет асистенции, додека Нехт постигна 20 поени за Лејкерс.