Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Ботафого го освои првиот пехар во историјата на Копа Либертадорес, по херојска игра во финалето против Атлетико Минеиро, победувајќи со 3-1. Овој историски успех беше исполнет со драма и пресврти, а за победата на Ботафого клучни беа два рани гола и цврстата одбрана, која издржа под огромен притисок.
Натпреварот започна драматично за Ботафого, бидејќи уште во втората минута Грегоре доби директен црвен картон, оставајќи го тимот со играч помалку. Сепак, Атлетико Минеиро не успеа да ја искористи раната предност. Ботафого, и покрај бројчениот минус, го презеде водството преку Луиз Енрике, кој погоди во 12. минута, а Телес го удвои во 33. минута.
Во второто полувреме, Атлетико Минеиро беше доминантен, целосно контролирајќи го текот на играта и создаде голем број на шанси. Во 47. минута, Едуардо Варгас успеа да го намали резултатот на 2-1 и да им даде нова надеж на своите соиграчи. Атлетико продолжи со напади, создавајќи 15 шанси, но не успеа да ги искористи.
На крајот, Ботафого успеа да ја одржи предноста и во последните секунди на судиското продолжение, Жуниор Сантош ја затвори приказната со гол за 3-1, кој го потврди историскиот успех на тимот.