Јокиќ објасни зошто повеќе не носи прстен на патиките (Видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повеќе не носи бурма на патиките. Во текот на натпреварите, Јокиќ ја врзуваше бурмата за патиката, но веќе извесно време тоа не го прави.

Причината лежи во тоа што центарот на Денвер двапати го губел прстенот.

„Ми испаѓа од раката, па го носев на патиките. Сепак, го изгубив прстенот, па ми даде жена ми друг”, рече Јокиќ и додаде:

„Го изгубив и вториот. Мислам дека повеќе нема да го користам, тажен сум“.

Јокиќ инаку ги претстави новите патики – „Џокер 1“.

.