Конечно признаа грешка во Ред Бул: Продолжувањето на договорот не се исплатеше!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кристијан Хорнер, шефот на тимот Ред Бул Рејсинг, призна дека одлуката за рано продолжување на договорот на Серхио Перес до 2026 година не ги донесе посакуваните резултати.

Тимот очекуваше дека продолжувањето на договорот ќе го смири Перес и ќе го намали притисокот врз него, но резултатите покажаа спротивното.

Иако Перес на почетокот од сезоната блескаше со четири подиуми во првите пет трки, неговата форма значително опадна по потпишувањето на договорот.

„Одлуката беше донесена во моментот кога Серхио возеше одлично,“ рече Хорнер. Продолжувањето на договорот требаше да обезбеди континуитет и стабилност во тимот, но наместо тоа, предизвика пад на формата на возачот.

Хорнер не го криеше разочарување, истакнувајќи дека тоа едноставно е дел од животот во спортот.