Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Реал Мадрид доживеа вистинска катастрофа во последните две сезони кога станува збор за повредите, а веќе повеќе од една година надвор од терените е австриецот Давид Алаба. Иако започна со тренинзи, неговото ниво на игра повеќе не е исто и тоа претставува сериозен проблем за Реал Мадрид.
Давид Алаба се соочи со тешка повреда на коленото пред повеќе од една година. Австрискиот дефанзивец долго време е во фаза на закрепнување, а до медиумите стигаа информации дека работите не одат најдобро според планот.
Сепак, од Реал ги демантираа тие информации, и покрај одложувањето на неговото враќање на теренот. Тој не беше способен да тренира нормално, но сега се врати со остатокот од тимот.
Се претпоставува дека Алаба ќе игра во јануари, но вечерва пристигнаа доста катастрофални вести за „кралевите“. Изгледа дека искусниот дефанзивец повеќе нема да биде истиот.
„Реал Мадрид сè уште не смета на услугите на Давид Алаба. Неговата физичка состојба и рехабилитацијата го загрижуваат клубот. Тој е далеку од потребното ниво за игра“, наведува „Релево“.