Чаир по инцидентот во Битола: Ни го каменуваа автобусот!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кошаркарскиот клуб Чаир излезе со соопштение по гостувањето на екипата кај Пелистер во деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Чаир загуби со 73-77, меѓутоа според нивното соопштение, натпреварот бил исполнет со инциденти и непријатни случувања при нивното напуштање на Битола.

„Целиот натпревар беше обележан со голема тензија и притисок од трибините, при што нашите кошаркари беа изложени на навреди, говор на омраза и фрлени предмети. И покрај ваквите инциденти, не беше преземена мерка за празнење на трибините. На крајот, при заминувањето, нашиот автобус беше каменуван – чин што го осудуваме со најстрога осуда“, се наведува во соопштението од КК Чаир.