Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Домараџу Ѓукеш од Индија го освои престижниот светски шампионат во шах, поставувајќи ново поглавје во историјата на овој спорт. Талентираниот тинејџер, кој годинава го прослави своето полнолетство, триумфираше со конечен резултат од 7,5:6,5 против актуелниот шампион, Кинезот Лирен Динг, освојувајќи ја 14-та партија од натпреварувањето.
Иако многумина очекуваа дека оваа финална партија ќе заврши нерешено и дека победникот ќе се одреди во дополнителните партии со забрзано темпо, Ѓукеш покажа неверојатна смиреност и стратегиска супериорност, обезбедувајќи ја круната уште во регуларниот дел од натпреварот.
Со оваа победа, Ѓукеш стана 18-тиот светски шампион во историјата на шахот и вториот Индиец кој го достигнал врвот, по легендарниот Вишванатан Ананд.