Радувај се Македонијо: Глигор Николов освои златен медал

Голем успех за македонскиот кикбокс во Италија! Глигор Николов се искачи на светскиот врв, откако го освои златниот медал на јуниорското Светско првенство во Лидо ди Јесоло.

Македонскиот кикбоксер триумфираше во финалето во дисциплината лоу-кик до 67 килограми, каде што беше подобар од Хасан Алеќаров од Азербејџан.

Со одличниот настап во решавачката борба, Николов стигна до најсјајното одличје и ја израдува Македонија со светска титула.