Успешна акција: Шампионот Пелистер ги донираше плишаните играчки (Фото)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


На полувремето од дербито помеѓу Пелистер и Вардар во македонската ракометна Суперлига, битолската публика уште еднаш ја истакна својата хуманост и солидарност.

Спортската сала „Боро Чурлевски“ беше исполнета со плишани играчки. Љубителите на ракометот ги фрлаа на теренот како дел од хуманитарната иницијатива.

Собраните плишани мечиња симболизираат заедничка поддршка и ќе бидат донирани на деца кои имаат потреба.