Аморим го исфрли Рашфорд од составот: Направив добра работа за тимот


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Манчестер Јунајтед беше поразен од Тотенхем со 4:3 во драматичниот натпревар од Карабао Купот, што значи дека клубот испадна од натпреварувањето.

Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, за вторпат по ред го остави Маркус Рашфорд на клупата, 27-годишниот англиски напаѓач кој претходно беше дел од репрезентацијата.

Аморим по поразот се обрати со изјава дека не му е жал за одлуката.

„Чувствувам дека направив вистински избор за тимот. Не мислам дека ова беше грешка. Мораме внимателно да го избираме составот. Секогаш се трудиме да направиме најдобро за тимот“, изјави португалскиот стратег.