Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
По само седум месеци поминати во клубот од Лондон, стандарден првотимец се наоѓа на излезната врата на Челзи.
Тосин Адарабојо пристигна пред седум месеци во редовите на лондонските Сини како слободен играч откако му заврши договорот со Фулам.
Оваа сезона одигра 18 натпревари, а само Леви Колвил од стоперите на лондонскиот клуб одигра повеќе натпревари (20).
Меѓутоа, како „гром од ведро небо“ се појави вест дека тој веќе сега на зима може да го напушти клубот.
Како што пренесува англискиот новинар Мајк Киган, Брајтон веќе остварил почетни контакти за реализација на овој трансфер.