Тејлор Фриц има големо срце – ќе донира 82.000 долари на Лос Анџелес!


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Американскиот тенисер Тејлор Фриц денеска изјави дека ќе донира околу 82.000 долари, колку што заработи со победата во првото коло на Австралијан опен, за да им помогне на луѓето погодени од пожарите на поширокото подрачје на Лос Анџелес.

„Чувствувам дека ова е најмалку што можам да направам”, изјави четвртиот тенисер во светот.

Фриц, минатогодишен финалист на Ју-Ес опенот, ноќеска се пласираше во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, откако го победи 150-тиот играч на светот, Чилеанецот Кристијан Гарин, со резултати 6:2, 6:1, 6:0.