Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски е ново засилување за екипата на Игдир, која го официјализираше неговиот трансфер.
Аврамовски го напушти Болуспор по успешната сезона во која одигра 37 натпревари, постигнувајќи вкупно 17 гола и обезбедувајќи осум асистенции.
Според турските медиуми, постои можност Валон Етеми, кој има долгогодишно искуство во турскиот фудбал, наскоро да стане дел од тимот на Игдир и да се приклучи на Аврамовски.