На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓
Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант, стана дел од историјата на кошарката, бидејќи е само осмиот играч во НБА кој достигнал 30.000 поени во својата кариера.
Овој значаен момент дојде за време на натпреварот против Мемфис Гризлис, кој заврши со победа на гостите од 119-112. Иако Феникс загуби, Дурант покажа извонредна игра и си го зацврсти местото меѓу најдобрите стрелци во историјата.
Со оваа бројка, Дурант се придружи на листата на осум легендарни кошаркари кои поминале 30.000 поени: Леброн Џејмс, Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Дирк Новицки и Вилт Чембрлејн.
The shot for 30K. pic.twitter.com/jeXzAROjSO
— Phoenix Suns (@Suns) February 12, 2025