Јокиќ ја „отвори душата“ и кажа кој му е најболен пораз во кариерата


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


На прес-конференцијата пред Ол-стар натпреварот, српскиот кошаркар Никола Јокиќ дискутираше за неколку теми, меѓу кои и за најтешкиот пораз што го доживеал во својата кариера.

Јокиќ искрено изјави дека за него најболен пораз е оној кој Србија го претрпе од репрезентацијата на САД на Олимписките игри со резултат од 91-95.

„Секогаш велам дека тоа е најтешкиот пораз што сум го доживеал. Натпреварот беше многу возбудлив, а имав чувство дека публиката навиваше за нас бидејќи сме мала земја. Не сум сигурен дали тоа беше затоа што сакаа САД да загуби или затоа што посакуваа ние да победиме“, изјави Јокиќ.