Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Патрик Муратоуглу, без дилема најголема тениска ѕвезда денеска која никогаш не била врвен играч, вели дека Јаник Синер е сличен на најуспешните асови во историјата, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, додека Карлос Алкараз е различен.
„Алкараз е сосема различен од сите – истакнува тренерот на Наоми Осака кој порано работеше со Серена Вилијамс, поседува тениска академија блиску до Ница, а често коментира и најголемите турнири за светските телевизии.
Французот со грчко потекло потоа ја објаснува својата теза.
„За разлика од Ѓоковиќ и Надал кои градат повеќето поени и многу малку грешат, а таков е и Синер, Алкарас повеќе игра за да ја реши ситуацијата со еден удар“, вели тој.