Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Џошуа Кимих сè уште нема донесено одлука дали ќе го продолжи договорот со Баерн или ќе бара нов предизвик летово кога му истекува соработката со Баварците.
Кимих веќе со месеци е во центарот на вниманието бидејќи во Баерн веруваа дека без проблем ќе договорат продолжување на соработката со него, но тој ги остави занемени кога му испратија понуда за продолжување на договорот.
Англиските медиуми наведуваат дека раководството на Арсенал веќе му понудилo на Кимих опција за преминување во лондонскиот клуб, но тој ги разочарал со својот потег и одговор.
Кимих воопшто не сакал да ја слушне понудата што Арсенал ја има за него и одбил воопшто да разговара со Топџиите што тие сметаат дека тоа и не бил баш убав потег на играчот на Баерн.