Хаос во Милано: „Десната рака“ на Консеисао пуштала информации во медиумите


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лицето за односи со јавноста на тренерот на фудбалерите на Милано, Серж Консеисао, поднесе оставка на таа позиција.

Франциско Емпис, човекот кој беше „десна рака“ на португалскиот стратег во подготовката на јавните настапи и односите со медиумите, повеќе нема да ја врши таа функција, бидејќи давал информации на новинарите за незадоволството на тренерот во Милано. 

Истакнуваше како Консеисао не е задоволен од структурата на Миланело, која не е на највисоките можни стандарди, недостатокот на атлетска подготвеност на тимот под претходниот тренер Пауло Фонсека, недостатокот на посветеност кај некои играчи и недостатокот на доверба од страна на менаџментот на клубот.

„Информацијата што беше објавена содржи неколку грешки и неточности и се однесува на врската помеѓу играчите, техничката служба и менаџментот на Милано. Не се однесува на вистината и фактите, туку само на шпекулации“, рече Емпис.

Сето ова само се надоврзува на случувањата во Милано, кои се целосно хаотични, почнувајќи од незадоволството со резултатите, до перформансите на поединците и нивниот однос кон дресот, почнувајќи од Тео Ернандез, Рафаел Леао, Мајк Мењан…

.