Новата патека во Формула 1 ќе се вика „Мадринг“


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Новата патека на Формула 1 во Мадрид ќе се вика Мадринг, соопштија денес организаторите.

На новата патека во главниот град на Шпанија од следната година ќе се вози трка во шампионатот на Формула 1. Патеката е поставена околу дел од изложбените хали во близина на главниот аеродром во Мадрид, користејќи мешавина од постоечки патишта и наменски изградени делови од патеката.

Организаторите потпишаа договор со Формула 1 на 10 години, до 2035.

Изборот на името Мадринг потсетува на патеката во Австрија Red Bull Ring и познатата патека во Унгарија Hungaroring.

Името има за цел да „воспостави концизен и незаборавен идентитет кој директно упатува на градот домаќин, веднаш е препознатлив ширум светот и не е потребен превод“, се наведува во соопштението.

Организаторите навеле дека името треба да ја нагласи поврзаноста на патеката со градот Мадрид и дека тоа ќе биде „спектакуларна патека“, слична на оние во Мајами, Абу Даби и Лас Вегас.