Леклер победник на трката Ф1 во Силверстоун


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е денешниот победник на трката од Формула 1 за Големата награда на Велика Британија, со што постигна прва победа по октомври 2024 година.

Леклер на патеката во Силверстоун ја запиша својата деветта победа во кариерата, а второто место го освои домашниот возач и член на Мерцедес, Џорџ Расел.

Третата позиција ја освои тимскиот колега на Леклер, Луис Хамилтон, четвртото место го зазеде актуелниот светски првак од Мекларен, Ландо Норис, а петтото место му припадна на возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, додека неговиот тимски колега, Макс Верстапен, излета од патеката четири круга пред крајот, во моментот кога беше на третото место.

Лидер во генералниот пласман останува возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, со 179 бода, кој денешната трка ја заврши на 16-то место поради технички проблеми и казна од пет секунди за излегување надвор од патеката.