Дурент го брани Јокиќ: Не дозволувам да зборувате така за него


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Никола Јокиќ и оваа година е еден од фаворитите за титулата МВП, но за новинарите Србинот е во таа трка – аутсајдер. Овој став го налути Кевин Дурент.

Тимот на Јокиќ, Денвер, е втор на Запад, а оваа сезона во просек постигнува 28,8 поени по натпревар, со 12,9 скока, 10,5 асистенции, 1,8 украдени топки и 0,7 блокади.

Главен конкурент за МВП титулата оваа сезона му е Шеј Гилџес-Александер, а новинарите на оваа тема разговараа и со Кевин Дурент. Го прашаа што мисли за тоа што Никола Јокиќ е аутсајдер во трката за МВП.

Дурент малку се налути поради ова прашање:

„Не дозволувам вака да зборувате. Јокиќ не може да биде аутсајдер. Никогаш, во ниту една ситуација“, рече Дурент.