Тикет на денот (петок, 14.03.2025)


Битки за за титули и Лига на Шампиони во Премиер Лига, Серија А и Ла Лига ↓↓↓


Овој викенд имаме одлична понуда, а потоа следува пауза, последна во оваа сезона поради обврски на репрезентациите, па продолжението на домашните првенства ќе го почекаме за две седмици. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Ница – Оксер – 1 @ 1.58 во Mozzart

Тимот на Ница беше поразен во минатото коло на домашен терен од Лион. Тој пораз може да им нанесе многу штета во поглед на пласманот во ЛШ. Успеаа да се одржат на третата позиција, но ја пропуштија шансата за второто место. Оксер на ова гостување патува со голема самодоверба после победата во Ренс во минатото коло. Ситуацијата засега е добра и имаат двоцифрена предност во однос на тимот кој е под цртата. Наш предлог за овој дуел е 1 со квота 1.58 во Mozzart.

Лас Палмас – Алавес – 1Х&0-2 @ 2.08 во 22Bet

Еве еден натпревар во Шпанија каде што трите бода важат како шест. Двете екипи грчевито се борат за спас во Ла Лига, а моментално и едните и другите се под цртата. Алавес е во нешто подобра позиција и има два бода повеќе од Лас Палмас, а само бод помалку од првиот тим над цртата. Во дуелите на овие два тима ретко има голови, а искрено очекуваме и овој пат да биде така. Ние типуваме 1Х&0-2 гола со квота 2.08 во 22Bet.

Ст. Паули – Хофенхајм – Х2 @ 1.61 во Bet365

Новото коло во Бундеслигата започнува со натпревар помеѓу Ст. Паули и Хофенхајм. Домаќините го дочекуваат овој дуел со надеж да ја прекината серијата лоши резултати. Во еден момент делуваше дека тимот од Хамбург ќе има мирен финиш, меѓутоа во последните шест натпревари немаат победа, а само два пати освоија по еден бод. Хофенхајм во последните четири кола оствари две победи и две реми, а интересно е дека два пати славеше на страна. Сметаме дека гостите ќе останат непоразени и типуваме Х2 со квота 1.61 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.29

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 14.03.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk