Роналдо не сака да „грее“ клупа: Португалецот збесна по измената (ВИДЕО)


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо негодуваше поради одлуката на тренерот. Тренерот на Ал-Наср одлучи да го замени познатиот фудбалер во второто полувреме, што воопшто не му се допадна на Португалецот.

Одлуката на Стефано Пиоли беше во 61. минута да го седне на клупа Кристијано Роналдо. Тој, со нервозна гестикулација, веднаш го напушти теренот и се упати кон тунелот, наместо кон клупата.

Ал-Наср во првото полувреме поведе со 3:0, а еден од головите го постигна токму португалскиот фудбалер.

Роналдо оваа сезона стартуваше на 25 натпревари, а ова му беше само петти меч што не го одигра до крај.