Аморим има список со пет потенцијални засилувања во нападот


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Манчестер јунајтед е во потрага по напаѓач и тоа не е тајна. Ќе се обидат да доведат неколку квалитетни играчи во текот на летото, а чини се дека токму позицијата на голгетерот е најкритична.

Поради тоа, постои листа на играчи кои му се интересни на Манчестер јунајтед, а првиот на неа е Лијам Делап.

Со десет постигнати гола во Премиер лигата оваа сезона докажал дека може да биде од голема корист, а Челси е клуб што исто така го сака во своите редови.

Следен е Уго Екитике, исто така 22-годишен напаѓач, но настапува за Ајнтрахт од Франкфурт и досега постигнал 19 гола оваа сезона на 38 натпревари. Во неговиот случај најголем проблем е конкуренцијата што не е мала, многу квалитетни клубови сакаат да го добијат младиот Французин.

Бенјамин Шешко е уште еден од играчите кои се на листата, 21-годишниот Словенец игра одлично во Лајпциг, а Арсенал е најголемата конкуренција на Манчестер јунајтед, додека во последно време повторно се спомнува Виктор Осимен.

Нигериецот сега е во Галатасарај, односите со Наполи не се баш најдобри, но Манчестер јунајтед не се откажал од него и ќе се обиде на лето да го доведе доколку се распадне најважниот план.

Најважниот се вика – Виктор Ѓокереш. Фудбалерот на Спортинг остана во тој клуб, а најголемиот проблем за Манчестер јунајтед е фактот дека нема да играат во Лигата на шампионите следната сезона.