Контроверзна одлука на судиите во финишот му го „украде“ триумфот на Денвер? (Видео)

Екипата на Денвер Нагетс доживеа пораз од Минесота Тимбервулвс во историската вечер за Никола Јокиќ.

Јокиќ играше нешто повеќе од 52 минути и постигна 61 поен, со 10 скока и 10 асистенции. Ова е најголем број на поени во трипл-дабл учинок во историјата на лигата, но Нагетс по два продолженија изгубија со 140:139.

Малку недостигаше да победат, но има и оние кои сметаат дека судиите им го донеле триумфот на Тимбервулвс.

Денвер водеше 139:138 на 18 секунди пред крајот, Минесота потоа не го искористи нападот, Вестбрук ја украде топката, но не успеа да поентира, па направи фаул врз Александер-Вокер при шутот за три поени. Тој ги уфрли првите две слободни фрлања, третото го промаши и ѝ донесе победа на Минесота.

Сепак, досуден е многу дискутабилен прекршок за кој многу се зборува меѓу навивачите и стручњаците, по што беа доделени три слободни фрлања. Погледнете и проценете сами дали Расел Вестбрук направи прекршок.