Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Никола Јокиќ зад себе има уште една сезона за паметење, а на Денвер Нагетс не им паѓа на памет да ризикуваат – му подготвија понуда каква што ретко се гледа.
Еден од најдобрите кошаркари би можел наскоро да потпише нов тригодишен договор вреден неверојатни 212 милиони долари.
Информацијата ја открија познатите НБА инсајдери Тим МакМахон и Рамона Шелбурн, кои тврдат дека договорот е практично завршена работа. Ако Јокиќ ја прифати понудата, ќе стане најплатениот играч во историјата на кошарката.
Годишно би инкасирал дури 70,6 милиони долари, што досега не успеа ниту еден НБА играч.
Моментално најмногу заработува Стефен Кари, кој по сезона прима 55,76 милиони долари.
Фото: Grok AI