Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Никој досега во историјата на тенисот нема така доминирано на еден терен како што тоа го правеше сега веќе пензионираниот 38-годишен Рафаел Надал на земја.
„Дури кога сте максимално вклучени во овој спорт и го доживувате сето она што го носи, можете комплетно да му се поклоните на Рафаел Надал и на сето она што го постигнал“, рече неговиот помлад сонародник Карлос Алкараз, моментално трет тенисер на светот.
Алкараз не успеа да ги поврзе два освоени турнири на земјениот терен. После победата на Мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, минатата недела стигна до финалето на турнирот во Барцелона каде што беше поразен од Данацот Холгер Руне со 6-7(6), 2-6.
„Од мојата сегашна перспектива, можам целосно да му се поклонувам на сето она што со години го правеше Рафаел Надал. Ми изгледа речиси нереално дека успеваше во сето тоа, од недела до недела, од година во година. За такви успеси мораш да бидеш на сто проценти буквално секој момент. Секоја чест“, рече Алкараз.
Фото: Принтскрин