Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ е финалист во изборот за најкорисен играч (МВП) во Американската професионална кошаркарска лига (НБА) и за најдобар играч во неизвесни завршници оваа сезона.
НБА лигата ги соопшти финалистите за наградите оваа сезона, а покрај српскиот центар, во конкуренција за најпрестижната награда МВП се и играчот на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер и центарот на Милвоки, Јанис Адетокунбо.
Јокиќ минатата година беше МВП и се обидува да го освои тоа признание четврти пат во последните пет години. Оваа сезона е еден од најдобрите играчи во лигата, поради тоа што во просек по натпревар остваруваше трипл-дабл учинок.
Фото: Принтскрин