Тикет на денот (среда, 23.04.2025)


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Денешната среда изобилува со натпревари. Понудата е фантастична и веруваме дека ќе ја направиме вистинската комбинација. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Џенова – Лацио – 3+ @ 2.44 во Mozzart

Џенова има солиден настап сезонава и се наоѓа на средината од табелата и со досега прикажаното може да бидат задоволни фановите на овој тим, бидејќи главната цел за нив е навремен опстанок. Лацио, од друга страна, се бори за место во европските натпреварувања, но конкуренцијата е силна, па останува да се види дали ќе успеат. Ова е дуел каде што нема фаворит, но очекуваме отворена игра со многу голови и тоа најмалку три. Наш предлог е 3+ со квота 2.44 во Mozzart.

Селта – Виљареал – 3+ @ 1.73 во 22Bet

Виљареал во последно време игра многу подобро на гостински терен. На претходните четири натпревари пред своите фанови, Виљареа нема победа, но затоа доби четири од пет гостувања. Се наоѓаат на 5-то место и скоро сигурно е дека ќе ги гледаме во Европа следната сезона. Селта пак во минатото коло запиша пораз од Барса и покрај тоа што во еден момент од натпреварот водеа со резултат 3-1. Сепак тоа и не ги изненади фановите бидејќи таков исход беше очекуван. Овде ние одлучивме да го избегнеме конечниот исход и да ви дадеме предлог на голови. Типуваме 3+ со квота 1.73 во 22Bet.

Антверп – Генк – 2 @ 2.20 во Bet365

Повторно во Белгија тимот кој доминираше во регуларниот дел од првенството ја предаде првата позиција на табелата и тоа пред финишот на сезоната. Се работи за Генк, тимот кој играше фантастично, но двата порази кои ги доживеаа ги симнаа од тронот и сега се на делба на втората позиција. Овој пат гостуваат кај Антверп, екипата која нема победа на последните 8 натпревари, но во минатиот викенд зедоа бод од Андерлехт. Овде очекуваме гостите да ја искористат лошата форма на домаќините и да земат нови три бода. Наш предлог е 2 со квота 2.20 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВO Bet365: 9.29

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 23.04.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk