Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
По слабата прва средба во која Минесота победи без големи проблеми, ноќеска Лејкерси успеаа да ја зацврстат одбраната и да победат со 94:85, а Лука Дончиќ беше подобар од останатите со дури 31 поен, 12 скокови и 9 асистенции.
„Имавме ист план. Не променивме многу”, рече Лука Дончиќ.
„Само беше прашање дали ќе бидеме појаки отколку во првиот меч”, рече Словенецот.
Неговите предвидувања за следните два меча што ќе се играат во Минеаполис?
„Уф, ќе биде жилаво. Се сеќавам. Им имаат одлични навивачи и многу се гласни. Знаеме дека ќе постигнуваат поени, ќе имаат серии, а ние мора да останеме заедно”, рече Дончиќ.
„Сите ќе бидат против нас, целата арена. Тоа го почувствував, нема да биде лесно. Без разлика на сè, мораме да останеме заедно”, рече тој.
Додаде и дека тој и Леброн мора да го држат тимот под контрола.
„Очигледно е дека не смееме да паничиме. Леброн и јас сме лидери на тимот. Мораме да го држиме тимот заедно. Одењето во Минесота ќе биде војна“, рече тој.
Фото: Los Angeles Lakers/FB