Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Манчестер Сити игра една од најслабите сезони откако Пеп Гвардиола дојде во клубот. Граѓаните уште не го обезбедиле местото во Лигата на шампионите, тимот не е доминантен како претходните години, а тоа предизвика реакција кај шпанскиот тренер кој подготвува неверојатно трансфер лето.
Манчестер Сити подготвува вистински спектакуларно трансфер лето. Граѓаните би можеле да добијат врвни засилувања со кои повторно би биле главен кандидат за врвот на Премиер лигата.
Заминувањето на Кевин Де Брујне од тимот од Манчестер ќе се обиде да го надомести со доведување на ѕвездата на Баер од Леверкузен, Флориан Вирц. Клубот за овој момче подготви 150 милиони евра, а изгледа дека и самиот фудбалер е импресиониран од фактот дека Пеп силно го сака и нема да биде изненадување ако на крајот на сезоната потпише за Граѓаните.
Лесно може да се случи Вирц да не биде најскапото засилување на Сити ова лето. Одредени шпански медиуми тврдат дека англискиот тим е подготвен да издвои неверојатни 200 милиони евра за да ја доведе ѕвездата на Барселона, Педри.
Фото: Манчестер Сити/ФБ