Тикет на денот (четврток, 24.04.2025)


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Денес имаме нешто послаба понуда за разлика од вчера и завчера, но сепак ќе биде интересно и има доволно материјал за да составиме тикет. Ова е нашиот предлог за денес.

Твенте – ПСВ – 2 @ 1.81 во Mozzart

Неверојатниот пад во средината на сезоната ќе ги чини ПСВ титула во домашното првенство. Изгледаше дека на почетокот се без конкуренција, но работите се променија. Исто така овој тим имаше и  големи очекувања во Лигата на шампиони, но и од тоа не остана ништо. Твенте може да игра до крајот растеретено и немаат шанси за да се најдат помеѓу првите четири тимови, па патот до Европа треба да го „побараат“ преку плеј оф. Како и да е, ПСВ овде се издвојува како благ фаворит, а ние предлагаме да изиграте 2 со квота 1.81 во Mozzart.

Болоња – Емполи – 1&0-3 @ 1.96 во 22Bet

Болоња можеше да има многу подобра сезона за разлика претходната каде што изборија пласман во Лигата на шампиони. Таму не се прославија, но самото учество за нив беше голем успех. Во саботата го победија Интер со минимален резултат од 1-0 и стигнаа до 4-та позиција во италијанската Серија А. Емполи пак нема што да бараат на овој натпревар бидејќи имаат многу поважни проблеми, а тоа е да обезбедат опстанок во домашното првенство. Овде очекуваме Болоња да победи на натпревар без многу погодоци. Типуваме 1&0-3 гола со квота 1.96 во 22Bet.

Трабзон – Гезтепе – ГГ @ 1.56 во Bet365

Во Турција се играат натпревари од ½ финалето на националниот куп, а во еден од нив ќе се сретнат екипите на Трабзон и Гезтепе. Тимот на Трабзон го елиминира Бодрум и тоа после продолжението со резултат од 3-2, а во Супер лигата се на 7-та позиција и немаат некои големи шанси за да стигнат до Европа. Нивниот ривал, тимот на Гезтепе, е екипа која е на средината на табелата и нивниот учинок е 10 победи, 10 порази и 10 реми после 30 изиграни натпревари. Овде очекуваме најмалку по еден погодок на двете страни и типуваме ГГ со квота 1.56 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.53

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 24.04.2025 во 08:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk