Анчелоти соопшти многу лоши вести за Реал Мадрид


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва во 33. коло од Ла Лига извојуваа гостинска победа против екипата на Гетафе (1:0), но Карло Анчелоти е загрижен поради деталот од крајот на натпреварот.

Реал не блескаше, но на ова тешко гостување успеа со голот на Арда Гулер да дојде до победа и сè уште да го држи чекорот зад водечката Барселона која сега има +4.

Пет кола пред крајот, сè уште е можно секакви сценарија, особено затоа што екипите ќе се сретнат меѓусебе во лигата, а наскоро ќе се сретнат и во финалето на Купот на Кралот.

Натпреварот за трофејот се игра веќе за три дена, но голем проблем има Италијанецот затоа што очигледно остана без важна карика. Имено, на крајот од натпреварот против Гетафе, Едуардо Камавинга само се сруши на теренот.

Иако се обиде да го продолжи натпреварот, повторно легна на тревата, но Анчелоти немаше право на замена, па со играч помалку мораше неговиот тим да издржи при водството 1:0.

Камавинга започна на клупата, но влезе наместо Давид Алаба на полувремето. На прес конференцијата, Анчелоти изјави дека ниту тој ниту Алаба нема да бидат подготвени за дуелот со Барса, па така ќе мора да бара некое друго решение во одбраната и средниот ред.

Фото: Принтскрин