Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Конечно Манчестер Сити започна да игра како што се очекува, се искачија на позиција што води во Лигата на шампионите и сега ги чека нова борба за трофејот.
Во полуфиналето на ФА купот ќе се соочат со Нотингем, но проблемите се појавија неодамна, особено поради повредите.
Добро е познато дека нема да игра Ерлинг Халанд, тој доби повреда во четвртфиналето од ФА купот, а слична е ситуацијата и со Нејтан Аке кој ќе се врати средината на мај. Родри ја заврши сезоната, а Џон Стоунс уште не е подготвен, возможно е да се опорави на почетокот на следниот месец.
Последниот на списокот на повредени е голманот Едерсон кој се повреди против Палас, не играше против Евертон и Вила и најверојатно нема да биде на располагање ниту против Нотингем.
Фото: Принтскрин