Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола му честиташе на новиот шампион на Англија, а тоа е екипата на Ливерпул, но веднаш потоа им испрати јасно предупредување.
Екипата што од клупата ја води шпанскиот експерт денеска играше натпревар во полуфиналето на ФА купот против Нотингем Форест и забележа победа и се пласираше во финалето.
По натпреварот, Пеп Гвардиола на прес конференцијата му честиташе на екипата на Ливерпул на освоената титула, но им испрати и закана.
„Само малку, пред да почнам“, рече Гвардиола на почетокот на прес конференцијата и продолжи:
„Во мое лично име и во име на клубот што го тренирам, сакам да му честитам на новиот шампион на Англија, екипата на Ливерпул.
А потоа следеше заканата и предупредувањето од страна на Гвардиола.
„Нам ни се случи тоа последните четири години, сега ќе пробаат повторно да ја освојат, но ние ќе бидеме подобри следната година и ќе се бориме до последниот гол, што оваа сезона не беше возможно“, рече Гвардиола.
Фото: Принтскрин