Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс втора сезона по ред е елиминиран во првата рунда од плејофот во НБА лигата.
Кошаркарите на Минесота се пласираа во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата, откако во петтиот натпревар од серијата на првата рунда на плејофот, победија на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со резултат 103:96.
Леброн Џејмс постигна 22 поени, седум скока и шест асистенции, а „Кралот“ по натпреварот беше прашан дали е подготвен за новата сезона и кога ќе биде крајот.
„Немам одговор на тоа. Ќе седнам со сопругата, семејството и групата за поддршка… Ќе разговарам со самиот себе колку долго сакам да продолжам да играм. Ќе видиме“, рече Леброн Џејмс.
Фотографија: Grok AI