Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Интер и Барселона ќе се борат во вторник навечер за пласман во финалето на Лигата на шампионите. Италијанскиот тим би можел да биде значително ослабен во овој дуел, а за тоа зборуваше синоќа по натпреварот со Верона помошниот тренер на овој клуб, Масимилиано Фарис.
Откако Наполи славеше со 1:0 кај Лече, Интер вчера во рамките на 35. коло на италијанската Серија А славеше со ист резултат против Верона и остана три бода зад тимот од јужна Италија.
Видовме ротација од дури десет играчи во тимот на Интер поради повреди, суспензии и фактот што го дочекаа Барселона во вторник, но Асани реализираше ран пенал и обезбеди вредни три бода.
Помошниот тренер на Интер Масимилиано Фарис зборуваше за медиумите по оваа натпреварување, бидејќи Симоне Инзаги издржува суспензија, како дел од спогодба за признавање вина заедно со Хакан Чалханоглу во истрагата за врските на Интер со сомнителни елементи на ултрас групите.
“Интензитетот, концентрацијата и желбата за преземање на иницијативата сè уште беа тука. Знаевме дека нема да биде лесно да најдеме простор против Верона, можевме да започнеме побрзо во второто полувреме кога просторот малку се ослободи, но имавме вистински став”, рече Фарис за Sky Sport Italia и додаде:
“Имавме многу играчи кои не играа заедно долго време, па требаа да се запознаат подобро, но сите дадоа сè од себе.”
Големото прашање е дали Лаутаро Мартинез ќе се ослободи од проблемите со мускулите и барем ќе биде на клупата во вторник навечер.
“Вистината е дека не станува збор за повреда, така што има мала надеж, но моментално е повеќе „не“ отколку „да“. Не тренираше, секако дека ќе се обидеме сè затоа што ова е фундаментален натпревар, но за жал, моментално е повеќе ‘не’ отколку ‘да'”, призна помошниот тренер на Интер.
Фото: Принтскрин