Јокиќ не е заинтересиран за трката за МВП

Кошаркарите на Денвер Нагетси се пласираа во полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата.

Нагетси во „мајсторката“ од првата рунда беа подобри од Лос Анџелес Клиперс и закажаа серија против најдобриот тим на Западот, Оклахома Сити Тандер.

Тоа ќе биде дуел на двајцата кандидати за титулата најкорисен играч на НБА лигата, Никола Јокиќ и бекот на Оклахома, Канаѓанецот Шеј Гилџџес-Александер.

Иако медиумите ја потенцираат оваа тема, таа е за српскиот центар потполно небитна.

„Тоа е последната работа која е на умот на нас двајца во моментот“, изјави Јокиќ.

Фото: Принтскрин