Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Фудбалерите на Бајерн Минхен ја прославија титулата шампион на Германија, а особено таа беше ноќ за паметење за Хари Кејн.
Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата на 31 години ја освои првата титула во кариерата.
Кејн играше неколку големи финалиња, но неговата љубов кон Тотенхем и лојалноста кон овој клуб кој ретко освојува титули (последната во 2008), го доведоа до тоа да не освои ништо за време на деценијата во северен Лондон.
Но, „правдата“ конечно беше задоволена – смртоносниот напаѓач со неговиот Бајерн освои титула по повеќе од 400 голови во професионалната кариера.
Фото: Bayern Munich