Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓
Рома од следната сезона треба да ја води нов тренер. Стефано Пиоли се споменуваше како опција, но изгледа дека од него нема ништо. Според медиумите во Италија, моментално се зборува за две имиња.
Според зборовите на стручњакот за трансфери на Sky Sport Italia Џанлука Ди Марцио, Рома нема да бара Пиоли да го замени Раниери следната сезона.
Поранешниот шеф на Милан, кој сега е во Ал-Наср, претходно беше поврзуван со работата на Олимпико, но според последниот извештај, не е меѓу кандидатите кои се разгледуваат за таа улога.
Според Ди Марцио, Рома го следи Ческ Фабрегас, фудбалска легенда која сега го тренира Комо.
Фото: Принтскрин