Сурова статистика: Најлош натпревар во кариерата на Никола Јокиќ


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Денвер Нагетс и Никола Јокиќ беа потполно надминати во вториот натпревар од плејофот на полуфиналето на Западната конференција на НБА лигата против Оклахома Тандер.

Домаќините убедливо победија со 149:106, а во тимот од Колорадо практично ништо не функционираше. Првенствено одбраната, но ниту останатите параметри не беа ни близу до просекот.

Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, го заврши вториот дуел од полуфиналната серија со 17 поени, осум скока и шест асистенции, а мораше на клупата на крајот од третата четвртина поради шест лични грешки.

Тоа беше вечер за заборавање, за што најсликовито сведочи податокот дека Јокиќ имал најлош учинок во кариерата според плус-минус – дури минус 36.

Фото: Принтскрин