Драма во Ле Ман: Феноменалниот Фабио Квартараро дојде до нова пол-позиција


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Францускиот мотоциклист, Фабио Квартараро дојде до нова неочекувана пол-позиција и тоа на домашен терен – во Ле Ман!

Возачот на Јамаха стигна до втората последователна најдобра стартна позиција во сезоната. Уште повпечатливо е тоа што го постигна на домашен терен, и тоа на каков начин.

До пол-позицијата стигна со рекорден круг од 1:29.324 секунди. Со тој резултат ги шокираше сите, исто како што го направи и пред две седмици во Херез.

Тогаш неговата пол-позиција беше големо изненадување, а сега го повтори тоа – и тоа против најсилната конкуренција.

Посебно беше впечатливо што до најдоброто време дојде во последните моменти од квалификациите.

Неговиот најблизок ривал беше Марк Маркез. Шпанецот го држеше првото место до самиот крај.

Фото: Принтскрин