Вардар победи против Работнички во дербито во Скопје


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Во натпревар од 32. коло на Првата македонска фудбалска лига, Вардар забележа минимална победа од 1-0 над локалниот ривал Работнички, благодарение на голот од пенал реализиран од Закариќ во вториот дел од натпреварот.

Овојпат скопското дерби помина без многу возбуда, бидејќи немаше значајно влијание на табелата.

И покрај слабата игра и малкуте прилики, доделениот пенал на „црвено-црните“ беше доволен за да ги освојат трите бода, со што Вардар ја потврди својата доминација во овој дуел.

Други резултати:

Работнички – Вардар 0-1
Шкупи – Тиквеш 1-1
Силекс – Пелистер 0-0
Струга – Брера 1-1
Беса – Воска (3-0 службен резултат)
Гостивар – Шкендија (0-3 службен резултат)

Фото: Принтскрин