Јокиќ по поразот на Денвер: Прво ќе има многу пиво, а потоа ќе зборуваме за Евробаскет


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ навести дека би можел да игра за националниот тим на Европското првенство откако со Денвер Нагетс ја заврши сезоната.

Неговиот тим синоќа во седмиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција загуби од Оклахома Сити Тандер, и освен на почетокот на дуелот, Нагетс не беа тим што би можел да ја загрози „громовите“.

Сега следи прилично долго лето за Јокиќ, но во август би можел да се приклучи на репрезентацијата на Србија во подготовките за Евробаскетот. Какви му се точно плановите?

„Играњето за националниот тим минатото лето дефинитивно ме направи подобар играч. Морам да одлучам. Ќе се игра Евробаскет. Морам да поразговарам со тренерите и некои од главните играчи, но ќе видиме. За сега, во следните неколку дена, ќе има многу пиво, веројатно“,, рече Јокиќ.

Фото: Принтскрин