Кој ќе биде тренер на Денвер следната сезона?


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Тренерот на кошаркарите на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, изјави дека не е сигурен дали ќе остане на таа позиција и следната сезона.

Денвер заврши со сезоната по поразот од Оклахома, а Аделман изјави дека неговиот тим имал шанса да победи и да помине во финалето на Западот.

„Жал ми е за момците кои дадоа сѐ од себе. Почнавме натпреварот онака како што сакавме, но потоа многу брзо тргнавме по погрешен пат. Го контролиравме темпото на почетокот и имавме двоцифрена предност, но не можевме да продолжиме во истиот ритам. Се чувствувам дека тука ја пропуштивме шансата“, нагласи Аделман.

Истакна дека не знае дали и следната сезона ќе биде тренер.

„Не е време да размислувам за тоа. Токму ја загубивме седмата средба и сезоната само што заврши за нас. Надлежните ќе донесат одлука. Благословен сум што ја добив оваа шанса и ако не се вратам следната сезона, ќе го паметам ова цел живот. Беше неверојатно искуство“, заклучи Аделман.

Фото: Принтскрин