Тикет на денот (недела, 25.05.2025)


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Уште овој викенд, па после ќе имаме пауза од поголемите лиги, но во секој случај ние ќе продолжиме со предлог тикетите и понатаму. Еве што типуваме за денес.

Фулам – Манчестер Сити – 2 @ 1.67 во Mozzart

Фулам е на средината на табелата и тие досега имаат освоено 54 бода, а според моменталната ситуација може да констатираме дека немаат шанси за пласман во Европа и дека ќе мора да се задоволат со навремен опстанок. Манчестер Сити пак благодарение на добрите игри во последно време создадоа предност и сега се на 3-та позиција со огромни шанси за да останат тука и да се пласираат во Лигата на шампионите. Ние веруваме дека Граѓаните ќе земат три бода на овој натпревар и типуваме 2 со квота 1.67 во Mozzart.

Венеција – Јувентус – 2 @ 1.55 во 22Bet

Венеција се уште има шанси за опстанок, но тоа е математички, а во пракса работите се многу комплицирани бидејќи треба да победат и да се надеваат на кикс на конкурентите. Сепак гостите не се наивен тим, поточно Јувентус има квалитет, а исто така има и потреба за бодови за да бидат сигурни во пласманот во Лигата на шампионите. Како и да е, овде очекуваме Јувентус без поголеми проблеми да победи и типуваме 2 со квота 1.55 во 22Bet.

Жирона – Атлетико Мадрид – ГГ @ 1.53 во BC.Game

Тимот на Жирона оваа сезона е далеку од ланските изданија кога на крајот благодарение на добрите игри обезбедија и пласман во Лигата на шампиони. Сега работите се поинакви и Каталонците ќе мора да се задоволат само со опстанок и тоа позиционирани на вториот дел од табелата. Атлетико Мадрид пак е на третото место, а и оваа година не успеаа да се замешаат во борбата за титула, па следната сезона ќе ги гледаме во елитното натпреварување. Овој дуел нема резултатско значење, а ние очекуваме да гледаме голови на двете страни. Коефициентот за ГГ во Bc.Game изнесува 1.53.

Генк – Андерлехт – 3+ @ 1.63 во Bet365

Овде имаме дуел од белгиската Лига помеѓу два тима кои што влегуваат растеретено. И едните и другите веќе обезбедија пласман во квалификациите за Лига Европа и веќе е јасно дека ќе завршат на 3-та, односно 4-та позиција. Генк после трите порази во минатото коло запиша победа, додека Андерлехт врза два порази и на овој дуел влегуваат со послаба форма. Сепак овде не очекуваме кој знае колку тактизирање, а би требало да има голови. Наш предлог е 3+ со квота 1.63 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 6.46

*Коефициентите од Bet365 се преземени на 25.05.2025 во 07:30 часот*

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk