Претседателот на Ла Лига со предупредување за Барселона


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига, испрати јасна порака до клубовите во очекување на летниот трансфер период. Тој нагласи дека клубовите мора да ги почитуваат финансиските и административните регулативи на шпанската лига.

„Ги знаат правилата. Се надевам дека нема повторно да остават сè за во последен момент, како што направија минатата сезона,“ изјави Тебас.

Тебас беше јасен во своите забелешки, кои се однесуваа на неколку клубови, меѓу кои и големите како Барселона. Тие минатата година имаа потешкотии со регистрацијата на нови играчи поради административни и буџетски проблеми.

Фото: Принтскрин